Радикализам поттикнуваат претставници на ѓаволот
Колкава е опасноста од напливот на радикален ислам во Македонија?
– Радикален ислам? „Радикален ислам“ во Македонија може да има само кога ќе има „радикален ортодоксизам“! Мислите дека небесните религии проповедаат радикализам? Ако го мислите ова, тогаш директно вие го обвинувате Бог, Создателот на универзумот! Исламот е религија на мир, толеранција и хармонија. Во последниве денови целиот свет е сведок на масакрот на израелската држава кон палестинското цивилно население. За овој масакр, кој го спроведуваат паравоените еврејски сили, дали сте слушнале каква било изјава, без разлика дали е исламски интелектуалец или арапски политичар или медиум, да нагласи дека во Палестина има вампиризам на еврејскиот радикализам. Се разбира дека не, затоа што муслиманите ги прифаќаат сите свети книги и без најмало сомневање веруваат дека каква било света религија не може да произведува радикализам, бидејќи религијата за муслиманот е самиот мир, љубовта, хармонијата. Радикализам произведуваат идеологиите, разните секти, политичките групации изразени преку верски јазик или претставниците на ѓаволот. Никој повеќе од верите не се бори против ѓаволот.
Ако имате навредено една религија, всушност вие сте го навредиле целото население што ѝ припаѓа на таа религија, сте ја провоцирале, сте ѝ објавиле војна, сте ја налутиле до конфликтна ситуација. Ако вие сте ја почитувале нивната вера, се гордеете што имате пријател со друга вера, тогаш реакцијата на сето тоа ќе биде меѓусебно почитување, братска лубов и соживот.
26.07.2014