ВЕЧЕР / 24 јануари 2016
Што се однесува на геополитиката на Исламот, исламскиот теолог и поранешен генерален секретар на Исламската Верска Заедница (ИВЗ), Африм Тахири објаснува дека Исламот е религија чиј извор е книгата на Алах, Божествениот Куран и Сунетот.
-Куранот не учи дека Исламот е универзална религија и како таква, отворена е и како култура. Ова најдобро го разбираме од овој цитат од Куранот: „Еј луѓе, навистина ние ве создадовме од едно машко и едно женско, ве створивме народи и племиња за да се запознаете меѓу себе.” Значи Исламот како таков задолжува, неговите високи начела, блаженството на верувањето во Семирскиот Создател и на се што е живо, да се сподели и со другите. Повикот на патот на Господ е верско задолжение. Тука, задолжително да подвлечеме дека, како што е Повикот обликативен сам по себе, исто така облигационо е да се следи и начинот одреден во исламските извори. Во Куранот се вели: „Повикувај на патот на Твојот Господ со ум и добар совет и, поразговарај со нив на најдобар начин.”, вели Тахири.
Тој додава дека крајна цел на Исламот е светот да се запознае со божествените вистини и да живее во мир со нив, истакнувајќи притоа дека не може некому принудно да му се понуди некоја вредност истакнувајќи дека се работи за убедување, затоа Куранот е јасен кога вели: „Нема присила во верата” како и, „Кој сака нека верува, а кој сака нека негира.”
Тахири продолжува и говори за позицијата на Исламот во моменталната констелација на меѓународни односи, велејќи дека ако некогаш муслиманите имаа главна улога во развојот на науките и издигнувањето на цивилизацијата и културата во светот, речиси повеќе од век, муслиманскиот свет го наоѓаме во една длабока криза.
-Пред неколку години на една конференција одржана во Варшава од страна на Организацијата Исламска Конференција, меѓу другото се спомна дека една третина од цевкупниот број на муслиманите во светот, во земјите во кои живеат се сметаат за малцинства. Зарем не е тоа доволно за да биде постојано извор на конфликти! Во овие кризни околности на цивилизацијата на муслиманскиот свет, широкиот хаос во арапскиот свет преку разните конфликти внатре во нив, појавувањето и развојот на мноштво струења кои се повикуваат на име на религијата, постојаните конфликти со западниот свет каде наидуваме на криза на мултикултурализам, пораст на исламофобија до појава на антиисламизам, сето говори дека без некое поголемо и по искрено залагање, за жал, на светот ќе му недостига мирот и безбедноста, вели Тахири.
Тој додава дека во моментов, муслиманскиот свет оставаат впечаток дека наспроти шиитската агенда се создава широк блок на сунити. Никој не може да гарантира дека и едната и другата страна се без надворешна поддршка, поаѓајќи од ова, се придружувам на уверењето дека не држи нивното именување за исламска агенда! Ако денес, во една држава имаме неколку војски кои војуваат меѓу себе: за слобода, за нација, за одредени верски струења, за регионални интереси, за економски интереси, за големи глобални интереси и се дозволуваат трагедии од видливи размери, масовни убиства и прогнанства на милиони луѓе од своите земји, сето тоа сведочи дека сме далеку од божествените учења! Верски агенди не може да произлезат од едно општетство кое пати од незнаење на верските вистини, тоа, истовремено претставува соодветно поле се повеќе да се манипулира во име на верата, објаснува Тахири.