Со посредство на Здружението на новинари на Македонија, Исламската верска заедница во Република Македонија на крајот од месец декември 2011 година повлече две тужби за клевета и навреда, поднесени во 2010 година, против новинарот Тони Ангеловски.
Тужбите се поднесени поради објавен текст во неделникот „Форум“, во кој се пренесуваат обвинувања за работата на секретарот на ИВЗ, Африм Тахири.
По јавното извинување на новинарот Ангеловски за изнесени невистини против Тахири и ИВЗ, раководството на Исламската верска заедница и Тахири ги повлекоа тужбите.